Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 01.01.2023 година Хрватска официјално влезе во Шенген зоната и го воведе еврото како валута, па Хрватите забрзано менуваат куни, а полицијата апелира на внимателност поради можна појава на фалсификувани банкноти.
Полицијата посочува дека во земјите кои го вовеле еврото двојно е зголемен бројот на фалсификувани банкноти на пазарот, а најчесто фалсификувани се оние од 50 евра.
Со оглед дека Хрватска е туристичка земја, се очекува зголемување на бројот на фалсификувани евра на пазарот, како и на фалсификувани монети, пренесува „ХРТ“.
Тамошната полиција апелира граѓаните да вршат финансиски трансакции преку финансиските институции бидејќи тоа е најбезбедно, а напоменуваат дека можни се и казни во случај да добијат фалсификувани пари.
Полицијата апелира на внимателност бидејќи казниво е и примањето фалсификувани пари со добра волја. Најважно е да се заштити самата хартија која е направена од памук. Заштитните карактеристики на куната и еврото се слични и имаат неколку нивоа. Оригиналната банкнота мора да шушка и да има ознаки што можеме да ги видиме без лупа, инфрацрвена светлина и Уве ламба. Меѓу нив се и водениот печат и безбедносната нишка. Исто така во хартијата е вградена и заштитна нишка. Кога ќе погледнете кон изворот на светлина, се гледа целиот конец, а ако се погледне на површината, конецот е прекинат, објаснува Жељко Бркиќ од хрватската полиција.
„Треба да ги почувствуваме, да почувствуваме дали шушкаат, дали наликуваат на класична хартија, па тоа е еден вид предупредување за нас веднаш. Треба да ги погледнеме според изворот на светлина, дали можеме да го видиме проѕирниот регистар , холограмот, заштитниот конец и водениот жиг. После тоа треба да се свртиме да видиме други елементи: дали има блескави бои, блескава нишка. Така нашите граѓани ќе бидат сигурни дека не добиле фалсификат“, рече Тихомир. Мавричек, извршен директор на Хрватската Национална Банка.
Најчесто фалсификувани се банкнотите од 50 евра. Фалсификуваните пари најчесто се подметнуваат во кафулиња, диско клубови и на пазарите. Затоа, таквите места за купување или менување на новата валута треба да се избегнуваат, апелираат надлежните.
Во Европа месечно се откриваат во просек по 35.000 фалсификувани банкноти.
Секоја година во оптек се 420.000 такви, а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа.
Пропишаната казна за прекршителите е до десет години затвор.
Во Хрватска, која вчера влезе во Шенген и го воведе еврото како валута, куната како официјална валута се користи повеќе од 28 години, а до 14 јануари останува рамноправно платежно средство.