„Трето полувреме“ од дуелот меѓу Челзи и Вест Хем: Мојс сакал да се тепа со судијата по завршувањето на натпреварот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Mедиумите на Островот денес пишуваат за голем скандал кој се случил после натпреварот помеѓу Челзи и Вест Хем во кој „сините“ славеа со 2:1.

Наводно по мечот незадоволниот Дејвид Мојс влегол во соблекувалната да се пресмета со судијата Енди Медли. Стратегот на Вест Хем бил незадоволен од одлуката на Мендли да го поништи голот во судиското продолжение.

Мојс го критикуваше судијата и на прес-конференцијата после натпреварот.

„Сите видовте, тоа беше скандалозна одлука. Глупост од судија кој е прогласен за еден од најдобрите. Да не зборувам и за работата на ВАР. Неверојатно…“, изјави тогаш бесниот Мојс.

Вест Хем на тој натпревар постигне гол преку Максвел Корне. По ВАР проверката видео судиите не сакаа тие да ја донесат конечната одлука, па го повикаа Мендли да провери, тој одлучи голот да биде поништен.