Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Раководството на прилепска Победа одлучи да направи тренерска смена после серијата на лоши резултати.
Имено, досегашниот тренер Тони Мегленски е сменет поради лошите резултати, а на негово место за нов кормилар е назначен Јане Николоски.
Поранешниот репрезентативец голман и легенда на Победа ќе има задача да го врати клубот на победничките патеки и секако да избори опстанок во елитата.
Победа во претходните четири кола загуби од Вардар, Шкендија, Академија Пандев и Ренова, па се наоѓа на осмата позиција со 17 бодови.