Тренерите од „школата Јуве“ доминираат во Европа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе години наназад најголемите тренерски имиња во фудбалот ни пристигнуваат од Италија, па слободно можеме да кажеме дека Апенините ја имаат најдобрата тренерска школа во Европа.

Јувентус веќе неколку години е доминантен во Серија А, а интересно е дека во овој клуб играле и тренерите кои моментално владеат со најсилните лиги.

Станува збор за дури тројца стратези кои моментално се лидери во најсилните лиги во Европа, како Примера, Премиер лигата и Серија А.

Зинедин Зидан играше за „старата дама“ многу успешно од 1996 до 2001 година. Французинот моментално го води Реал Мадрид и има дури 6 бода предност пред второпласираната Барселона.

Антонио Конте исто така го носеше дресот на Јувентус и тоа од 1991 до 2004 година. Моментално е менаџер на Челзи и остварува фантастични резултати па е на челот на табелата во Премиер лигата.

Мислимилиано Алегри никогаш не го носел „црно-белиот“ дрес. Тренер е на Јувентуд од 2014 година и два пати со ред ја освојува Серија А. Јувентус е моментално на врвот на табелата со 4 бода предност пред Милан и Рома.

Масимо Карера во Торино помина пет сезони од 1991 до 1995 година. Како тренер ги водеше младите категории на „старата дама“, а моментално е на клупата на Спартак Москва и е лидер во руското првенство. Спартак има 37 бода, дури 6 повеќе од второпласираниот Зенит.