Трејлер за новото, специјално филмско продолжение за Хари Потер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На интернет е објавен новиот трејлер за специјалниот Хари Потер 20th Anniversary: ​​Return to Hogwarts, чијашто премиера ќе биде прикажана на HBO Max на 1 јануари 2022 година.

Во трејлерот актерите се сеќаваат на филмовите, но и на веселбите во големата сала. Вотсон рече дека и се чинело дека „времето воопшто не поминало, а поминало многу“.

„Кога работите навистина стануваат темни и времињата се навистина тешки, има нешто во Хари Потер што го прави животот побогат“, рече Вотсон.

Редклиф истакнал дека е „исплашен од импликацијата дека тие ја завршиле и веќе ја направиле најзначајната работа во нивните животи“, но дека поминувањето време со тимот му помогнало да сфати дека тоа не е крајот.

Фановите во коментарите напишале дека се воодушевени од новиот трејлер.

„Дали јас сум единствениот што го погледнав ова и повторно се почувствував како мало дете?“, „Ова навистина буди носталгија“, „Со ова ми се враќаат најубавите спомени од детството“, се само дел од коментарите.

Заедно со главната тројка, Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, специјалот ќе биде домаќин и на Роби Колтрејн кој го играше Хагрид, Метју Луис кој го играше Невил Лонгботом и Марк Вилијамс кој го играше Артур Визли.

Покрај нив, во специјалот ќе настапат и други актери кои ги отелотворувале култните ликови, како Хелена Бонам Картер (Белатрикс Лестрејнџ), Ралф Фајнс (Лорд Волдеморт), Џејсон Ајзакс (Лусиус Малфој), Гери Олдман (Сириус Блек), Том Фелтон ( Драко Малфој), Џејмс Фелпс (Фред Визли), Оливер Фелпс (Џорџ Визли), Бони Рајт (Џини Визли), Алфред Енох (Дин Томас) и Еван Линч (Луна Лавгуд).