Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На интернет е објавено најавноито видео за филмот Marry Me, во кој глумат Џенифер Лопез и Овен Вилсон.
Филмот ја следи пејачката Кат Валдез, која ја игра Лопез, која неколку минути пред свадбата дознала дека вереникот ја изневерува. Наместо тоа, Кет одлучува да се омажи за странец од публиката, Чарли.
Четириминутниот трејлер ги прикажува Кат и Чарли како се обидуваат да се вклопат еден со друг со оглед на нивните изразито различни светови. Патем, Чарли е професор по математика со мала ќерка и без сопруга. Кат, сепак, е глобална поп ѕвезда и модна икона.
Судејќи според коментарите под трејлерот, публиката е воодушевена од најавното видео, но и од Џенифер.
Филмот пристигнува во кината на 11 февруари, само неколку дена пред Денот на вљубените.