Трејлер за филмот снимен по вистинска случка за мечката која изеде торба кокаин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ендру Ц. Торнтон II беше бивш американски полицаец од секторот за борба против наркотици кој стана дилер на дрога лоциран во Кентаки.

На 11. септември, 1985 година, тој од авион во летање исфрли багаж со 40 пластични контејнери полни со кокаин бидејќи товарот беше претежок за транспорт. Ендру загина истиот ден скокајќи од авионот со дефектен падобран.

Подоцна истата година, на 23. декември, Истражното биро од Џорџија доби дојава за пронајдена мртва црна мечка која го изела кокаинот од тие 40 контејнери со вкупна тежина од 34 килограми (чија вредност била проценета на 2 милиони долари). Главниот медицински истражител од Државната крим-лабораторија од Џорџија, доктор Кенет Алонсон, изјави дека стомакот на мечката буквално бил „до раб преполнет“ со кокаин, иако истиот истражител потврди дека мечката во својата крв имала апсорбирано само 3-4 грама од кокаинот до моментот кога починала.

Доктор Алонсо го препарирал телото од мечката и го подарил на Националната област за рекреација Чатахучи Ривер. Но, телото од легендарната мечка исчезнало и подоцна било откриено во една кредитна куќа за давање заеми. Кантри пејачот Вејлон Џенингс ја купил мечката и ја донирал во еден забавен центар во Лексингтон, Кентаки, каде стои и ден денес.

На 9. март, 2021 година, филмското студио Јуниверзал Пикчрс најави дека работи на снимање филм базиран на вистинските случувања со „кокаинската мечка“. Режијата ја потпишува Елизабет Бенкс, а премиерата на филмот е закажана за 24. февруари, 2023 година.