Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Објавен е нов трејлер за последното продолжение на „Тексашки масакр со моторна пила“, со поднаслов „Leatherface“.
Приказната ги следи натамошните „походи“ на веќе култниот сериски убиец Ледерфејс кој веќе повеќе од 40 години им влева страв в коски на љубителите на овој култен хорор. „Leatherface“ (кожено лице) се однесува на прекарот на главниот негативец и маската од човечка кожа што тој постојано ја носи.
Огромното количество крв и мрачната атмосфера го прават трејлерот морничав, најблаго кажано, а имаше и такви, љубопитни, но помалку храбри, на кои и оваа минута и половина им беше „премногу“.
„Ако филмот биде напола добар како што е овој трејлер, ќе имаме една нова хорор класика”, „Не би лажел, маската навистина ме потресе”, „Драго ми е што не живеам во Тексас”, гласат дел од коментарите на оние што има храброст да го погледнат трејлерот.
Ледерфејс во најновто продолжение го глуми Сем Страјк, а во другите улоги се појавуваат Стивен Дорф, Лили Тејлор, Ванеса Грас, Џејмс Блур, Џесика Мадсен и Сем Колмен. Филмот својата премиера ќе ја има на 20 октомври годинава.