Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тројното убиство кое се случи во Дебар ја потресе цела македонска јавност. Мајка, татко и нивната 14-годишна ќерка беа убиени во својот дом.
– Утрото во 9 часот требаше да дојдат на веселба, но не се појавија, а не одговараа ниту на телефонските повици по што роднини отидоа во нивната куќа која беше заклучена. Тогаш, забележавме дека еден од прозорите е отворен и кога влеговме внатре затекнавме две мртви тела во спалната соба и уште едно во детската соба. – изјави Муарем Поцеста роднина на починатите за Охридњуз.
Велат тие биле многу мирни луѓе и не знаат како дошло до трагедијата.
„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите лица, како и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.“
Канал 5 од извори во истрагата неофицијално дознава дека убиството го извршил роднина на семејството поради семејна расправија за имот. Драмата почнала откако роднината во 3 часот по полноќ влегол во домот и пукал во тричленото семејство. Цели 17 часа безживотните тела лежеле во локви крв, а ги пронашле други блиски роднини во собите каде спиеле, откако не се јавувале цел ден на телефон.
Фото: Канал5