Требало да биде песна за куче, испадна поп-хит на деценијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонските слушатели ја одбраа „Тајно моја“ која ја отпеа Тоше Проески за поп-хит на деценијата во рамките на проектот инициран Агенцијата за спорт и млади.

Кире Костов, познатиот македонски композитор кој е автор на музиката за оваа песна, во едно интервју откри дека Тоше Проески ја снимал цела ноќ во неколку верзии, но следниот ден ја избрале првата бидејќи била најубава.

Големиот хит за малку ќе била песна посветена на кучето на Проески. Тоше се договорил со Игор Џамбазов да му напише текст во кој ќе се пее за неговото милениче.

„Текстот беше нешто во стилот на Балашевиќ и навистина испадна одличен. Но, мелодијата воопшто не одговараше на стиховите и му кажав на Игор. И денес ме претставува како единствен човек што му одбил текст за песна“ – раскажа маестро Костов.

Сите го прашувале што значи „Шушка молика“, особено странците. Во тоа време Тоше учел во Битола, а моликата расте само под Пелистер и затоа ја има во стиховите.

„Секој нека си ја доживува и понатаму на свој начин. Затоа и се вика Тајно моја. Ако ја откријам приказната, нема веќе да биде тоа што е“, порача текстописецот Огнен Неделковски во една прилика.