Треба ли да се помириме со тоа дека мајката е секогаш негативец, а таткото „забавувач“?

негативец

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова е случај и кај вас? Ако мислевте дека сте само вие дежурен негативец, а на татковците остануваат само убавите задачи на родителството, не се грижете не сте сами.

Неретко таткото е оној кој е задолжен за забава и позитивните работи со детето. Скоро сите мајки повремено така се чувствуваат. Но добро е тоа што тоа чувство останува само до моментот кога детето ќе ве прегрне.

Скоро кај сите мажи секогаш останува „детето во нив“. Па доаѓањето на принова во семејството е одличен изговор за бескрајна игра и забава. Бирањето на играчки со кои повеќе ќе си игра таткото отколку детето се сосем нормални. Готвењето, чистењето и грижата за хигиена е она што повеќето нема да сакаат да го прават.

Забавен дел на мајчинството е управувањето со бебето, заедничкото уживање при доењето и слично.

https://www.facebook.com/NTDFunniest/videos/2005724569717034/

А градењето на шатори од постелнина, картонски куќи и слични активности ќе останат за татковците. Една од причините за тоа е што после нејзините задачи, нема да и остане време и енергија, за градење на „малото царство“. Тука преземаат татковците.

Она што може да го побарате од партнерот е да му објасне на детето дека и вашиот дел од одгледувањето е подеднакво важен, но не и еднакво забавен. Дури кога ќе пораснат децата почнуваат да го ценат и сфаќаат залогот на мајката во целата ситуација.