Treasure hunt заврши! Поделени повеќе од 30 награди за најдобрите!

Treasure hunt Skopje

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот Treasure hunt организиран од еден YouTube канал во Македонија (BMG Network)официјално заврши. Беше интересно, беше возбудливо, беше вистинска потрага по награди, а организаторите најавуваат дека нема да застанат тука!

Treasure Hunt – Skopje, траеше цел Јули месец! За тоа време поделени беа многу награди, нешто повеќе од 30, меѓу кои: дуксери, маици, water bottle, power bank, чадори, но и четири парични награди: две награди од по 100 евра, потоа 200 евра, 300 евра … сепак за жал не беше пронајдена главната награда од 500 евра која беше добро сокриена.

Од BMG Network велат дека ова било неверојатно искуство за нив:

“Беше одлично искуство, огромно искуство! Имаше многу интересни моменти, многу забава, смеа и слично. Најинтересен ни беше ривалитетот меѓу двајца дечки кои направија парче, најдоа кујзнае колку ваучери: Миша Сич и Петар Стојановски. Треба посебен Treasure hunt да направиме за двајцата. Покрај нив, имаше уште многу хантери кои беа одлични. На нас пак не ни беше лесно како водители. Имаше еден куп киксови, ама киксовите, смешките, ќе ги гледате во посебно видео. Хантери, ви благодариме за огромното и неверојатно искуство! Ние одиме на заслужен одмор.”

Наскоро очекувајте уште поголема интеракција од страна на YouTube каналот BMG Network, интеракција со сите што го следат каналот.