Home Актуелно Treasure Hunt во Скопје! Многу награди чекаат да бидат откриени!

Treasure Hunt во Скопје! Многу награди чекаат да бидат откриени!

Конечно после 2-3 teaser видеа, Јутуб каналот BMG Network откри каков предизвик ќе се случува во Скопје ова лето – “Treasure Hunt – Skopje ’23” или “Лов на богатство”! Доколку ги гледавте предходните две видеа, веќе знаевте дека нешто ќе биде скриено, нешто кое треба да биде пронајдено. Во првата објава не беа откриени многу детали, во втората објава се знаеше нешто повеќе, но после третата објава се знае речиси се. “Сега веќе знаете речиси се! Но не доволно. Почнува одбројувањето, а конечното видео со старт на потрагата по ваучерите кој ќе бидат низ цело Скопје, ќе ви ги објасни сите детали. Следете не и чекајте спремни!” стои во објавата на BMG Network. Јасно е дека ќе има многу награди, но за деталите за наградите, за правилата на играта и слично ќе треба да го сочекаме следното видео за официјален старт кое ќе излезе на 30-ти месецот некаде пред полноќ. Според нашите информации, ќе има парични награди, но и стоковни награди. Ќе бидат скриени ваучери низ цело Скопје и сите ваучери ќе бидат добитни – ваше ќе биде само да ги пронајдете. Секако од BMG Network ќе објавуваат секојдневно нови видеа со загатки кои ќе помагаат полесно да се пронајдат ваучерите. Го чекаме следното видео, Одбројувањето започна …
Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…