Home Спорт Трчај, Меси, трчај! Меси, трчај! Ништо, дај друго дете (снимка)

Трчај, Меси, трчај! Меси, трчај! Ништо, дај друго дете (снимка)

Рикардо Изексон дос Сантос Леита или попознат како Кака своевремено беше еден од најомилените и најдобрите фудбалери во светот, а најдобрите денови од кариерата ги помина во дресот на Милан.

Денес Кака слави роденден, па по тој повод може да се потсетиме на еден од најблескавите моменти во неговата кариера.

Бразил и Аргентина на 3. септември во 2006 година играа пријателски натпревар во Лондон,Бразил славеше со 3:0. Два гола постигна Елано, но сите на крајот зборуваа за она што го направи Кака во 89 минута. Голот на Кака беше навистина феноменален, за години подоцна тој да добие уште поголемо значење.

Како украде топка на 35 метри од голот на Бразил и со неверојатна брзина тргна кон голот на Аргентина, Меси се обиде да го стигне, но Бразилецот помина покрај него како „брз воз“.

Токму поради тоа што денес добро знаеме кој е и што е Меси во фудбалот и во светот, овој гол на Кака има уште поголемо значење.ж

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…