Travelbox за зависници од патувања: Цел мебел и велосипед во една кутија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 Сега на патување можете да го понесете својот кревет, заедно со столицата и масата, просторот за личните работи и местото за велосипедот и сето тоа убаво спакувано во орман, кој може да биде пренесен во вашето возило.

16.2.Travelbox2

Travelbox е креација на австриската дизајнерска фирма „Јuust“ и е спакуван мебел во алуминиумска кутија креирана за патувања.

16.2.Travelbox6

Кутијата е долга два метра, 1,20 метри широка, длабока 40 сантиметри и тешка 60 килограми. Travelbox е наменета за човек кој често патува и не поседува ништо освен основните и најпотребните работи, кои лесно може да бидат транспортирани од едно до друго.

16.2.Travelbox3

Во кутијата има минималистичка маса во дански стил, платформа за кревет, двојна јога, перници, постелнина, столица и велосипед. Самиот Travelbox се подигнува и служи како собна преграда со вградена шипка и полици.

16.2.Travelbox4

16.2.Travelbox5