Транспорт се оградува од трубите во тунелот: Не биле тие, Грците биле


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Министерството за транспорт излегоа со соопштение за јавноста преку коре се оградуваат од секаква активност поврзана со информациите за организирање забава на делови од автопатот Демир Капија по вчерашното свечено отворање на делницата.

„Ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава“, стои во соопштението во кое за други информации медиумите се упатуваат до изведувачот на проектот.

Од Министерството за транспорт и врски додаваат дека се одговорна и транспрантна институција, чија единствена цел е да обезбеди квалитетни услуги во рамките на своите надлежности.

Во меѓувреме, грчката компанија Актор која ја градеше автопатската делница од Демир Капија до Смоквица реагираше на видеото кое се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како со трубачи и чочеци во тунел беше прославено отворањето на делницата.

Од Актор за Либертас изјавиле дека тие ја организирале прославата во тунелот, вон протоколот и се извинуваат ако била погрешно разбрана.