Актуелно

Транспорт на предметите го одложи „Транспортер“

Судењето за предметот Транспортер е одложено поради најавеното преземање на предметите на СЈО од државното обвинителство.

Според судијката Добрила Кацарска, секое одржување расправа по предмет на СЈО би можело да доведе до повреда на постапката, по објавата на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, дека ќе ги преземе предметите од шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски се надева дека примопредавањњето на предметите од СЈО во ЈО ќе се одвива брзо.

Но адвокатката Сања Алексиќ која брани поголем број обвинети во предметите на СЈО смета не постои законски правен основ и процедура да бидат предадени предмети во ребуличкото обвинителство.

Advertisements
To Top