Транспорт на голем брод го запре сообраќајот на Стража


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Транспорт на брод го заглави сообраќајот на патот кон Стража од страната на Гостивар, пренесува порталот „кичево.мк“

Застојот трае повеќе од 1 час, а проблемот се јавил при преминувањето на еден од мостовите кои се реновираат.

Поради застојот се формира километарска колона.

Дополнителен револт кај луѓето кои чекаат, а меѓу кои има многу мали дечиња е односот на полицијата која, неофицијално, го пропуштила да помине струшкиот градоначалник на очиглед на сите, пренесува „кичево.мк“.