Транспорт и врски најави нов тендер за субвенционирање на нискобуџетни авио-компании


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, најави нов јавен повик за субвенционирање на нискобуџетски авиокомпании кој ќе биде објавен деновиве, откако доби новинарско прашање поврзано со укинувањето на неколку авиолинии од страна на „Визер“ која беше единствено пријавена компанија на тендерот што го поништи Владата.

– Минатата недела беше поништена постапката во делот на нискобуџетните компании бидејќи имаше пристигнато една понуда и Комисијата, врз база на пропусти, понуди решение со кое постапката е поништена. Наредните денови со информација на Влада и сите активности коишто треба да ги преземе Министерството за транспорт и врски ќе биде распишан нов јавен повик. Државата има предвидено пари за нискобуџетни компании така што стојам зад она што го кажав дека согласно владината програма оваа мерка продолжува и државата ќе субвенционира нискобуџетни компании, изјави Сугарески во Велес.

На официјалната веб страница на авиокомпанија „Визер“ од октомври веќе не може да се резервираат билети од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон. Билети не можат да се купат и за летовите од скопскиот аеродром до Ваксјо во Шведска по 16 септември.