Транскрипти од затворените преговори на македонските политичари за Преспанскиот договор објавени во „Катимерини“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Своевиден дипломатски скандал претставува објавувањето на обемни транскрипти од интерните преговори на макдонскиот политички врв за Преспанскиот договор кои ги објави грчкиот весник „Катимерини“, а кои биле одржувани зад затворени врати во Клубот на пратеници.

Разговорите се водени на тема -Преговори со Грција за името, пред конечното потпишување на Договорот со Грција, пренесува порталот АКО.

Со наслов: ,,ИСКЛУЧИВО САМО ВО КАТИМЕРИНИ: На виделина разговорите на лидерите на БЈРМ“, овој весник ги објави транскриптите од две средби на кои присуствувале, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Ѓорге Иванов, Никола Димитров, Али Ахмети и Бујар Османи, секој од нив со придружници.

Средбите се одржани на 27 јануари 2018 година и 19 Мај 2018, а се зборувало за две критични нишки во врска со преговорите со Грција .

,,Првиот состанок се одржа за помалку од две недели од почеток на постапката за склучување на Договорот под покровителство на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц . Вториот кога името ,,Република Илинденска Македонија” веќе беше на маса.

Она што произлегува од читањето на записникот, чиј мал дел беше објавен во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг на 19 мај, многу елементи на конечниот договор од Преспа се исти, освен, се разбира, името. Се чини дека во јануари БЈРМ не дискутираше за уставни промени, а опсегот на употреба (за сите) беше дискутабилен. Двете работи , се разбира, беа договорени во мај, во пресрет на завршувањето на преговорите. Грција, уште во првиот круг, се согласи да го признае идентитетот, а јазикот следува малку подоцна“, пишува Катимерини.

,,Во записникот се вклучени и некои детали кои укажуваат на намерите на Алексис Ципрас. Во јануари, Ципрас се чини дека сака да стави точка на договор со БЈРМ и тоа веднаш и оди на избори со главниот аргумент на крајот на Меморандумот. Во мај оваа приказна е променета. Ставот на опозицијата во јануари може да се опише како потенцијално позитивно, додека во јуни македонските лидери се повеќе се уверени дека договорот со евентуално нова владаод Нова демократија нема да биде можен .

На двата состаноци е видлив јазот меѓу владата на Зоран Заев и претседателот Ѓорѓи Иванов. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги знае сите детали од разговорите, и е особено упорен по прашањето за ратификација во најбрз можен рок“-пишува Катимерини.

,,Иако овие дебати се одвиваат неколку месеци пред референдумот на 30 септември, загриженоста е јасна. Всушност, се чини дека лидерите на Албанците во БЈРМ нема да имаат проблем со спроведување на овој конкретен чекор. Исто така, постои назнака за ризикот од интервенција на Русија во регионот, со цел да се избегне договор“-стои во текстот на грчкиот весник.

Записник од информативен состанок по прашањето за името, организиран од Министерството за надворешни работи во Скопје на 27 јануари 2018 година.

,,Во саботата, 27.01.2018, Министерството за надворешни работи организираше брифинг состанок за новинари во Клубот на пратеници. Присутни беа и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, министер за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за одбрана, Радмила Шеќеринска, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Mицкоски, заедно со партиските членови, Александар Николовски и Владо Мисајловски, како и шефот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот Бујар Османи.

Министерот за надворешни работи Димитров на секојод нив даде по еден примерок на предлог договорот за името со Грција, подготвен од медијаторот Метју Нимиц. Документите се на англиски и на македонски јазик во запечатен плик. Целта на состанокот беше да се бара национален консензус и да се најде заедничка стратегија“-стои во поширокиот текст на Катимерини, во кој потоа се пренесени дискусиите на присутните.