Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе подолго време е познато дека Еден Азар е примарна цел на Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека трансферот е веќе договорен и откриваат нови детали.
Имено, „Диарио Гол“ пренесува дека познато е кога ќе биде претставување на Азар на „Сантиаго Бернабеу“ и тврди дека Белгиецот ќе го земе бројот 11, кој моментално го носи Герет Бејл.
27-годишниот Белгиец одби да го продолжи договорот со Челзи, а никогаш не криел дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
„Сините“ ќе бидат приморани на лето да го продадат Азар бидејќи фудбалерот влегува во полседната година од договорот, а медиумите тврдат дека двата клуба веќе постигнале договор за трансфер вреден помеѓу 80 и 100 милиони евра.
На сличен начин Челзи минатото лето го загуби Тибо Куртоа, па и овој пат е ставен пред „свршен чин“ и мора да ја прифати понудата на „кралевите“.
Во Мадрид сметаат дека Азар ќе биде идеална замена за Кристиано Роналдо, чие отсуство се чувствува во тимот оваа сезона.
⚽ Prolongation à Chelsea ou départ vers le Real Madrid ? Eden Hazard se confie sur son avenir dans #TeamDuga ! ⤵ https://t.co/wf4TBBlMIu
— Rothen s'enflamme (@Rothensenflamme) December 10, 2018