Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во летото 2014 година пристигна во Реал Мадрид како еден од најдобрите фудбалери на Светското првенство за 80 милиони евра, со што стана третиот најплатен фудбалер во историјата на мадридкиот клуб.
Реал повеќе пари потроши само за доведување на Герет Бејл (100 милиони) и Кристиано Роналдо (94), а во светот поскапи трансфери од Хамес остварија само Пол Погба (105), Гонзало Игуаин (90) и Луис Суарез (82).
Три години подоцна Хамес заминува како „прекуброен“ во Реал, па иако се чинеше дека кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, сепак шпанските медиуми откриваат дека неговиот агент го договорил трансферот во ПСЖ. Колумбиецот во Париз ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
ПСЖ изминатите неколку недели безуспешно беше во лов на голема ѕвезда. Серхио Агуеро, Обамејанг, Алексис Санчез, Килијан Мбапе беа најголеми желби, но „светците“ не успеаа да донесат ниту еден од нив.
Со доаѓањето на Хамес „светците“ ќе формираат „напад од соништата“, па така позади Кавани ќе дејствува триото Ди Марија – Родригез – Дрекслер.
Медиумите тврдат дека остануваат само одредени детали за да биде комплетиран трансферот кој ќе „тежи“ 70 милиони евра.