Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Досегашниот владин пи-ар службеник и поранешен познат Твитерџија, Влатко Васиљ, на свое барање го завршил ангажманот во Влада, со цел да почне да работи во Кабинетот на Град Скопје. Како што пренесува Макфакс, ангажманот на познатиот твитерџија во Кабинетот на градоначалникот ќе се официјализира и ќе почне по Новата година.
Информацијата дека Васиљ ќе работи во Кабинетот на Град Скопје ја потврдил и шефот на кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов, Никола Наумоски.
Од Владата велат дека заминувањето на Васиљ никако не е поврзано со објавите на медиумите во однос на владината пиар-служба.
„Овој месец ми заврши авторскиот договор во Влада и по лично убедување и одлука, решив да не го продолжувам. За потсетување, таму немав никаква функција туку само партиципирав како соработник во делот на медија-мониторинг. За што следно понатаму, ќе бидете дополнително известени“, вели Васиљ за „Макфакс“.