Спорт

ТРАМПА НА СТОЛЕТИЕТО: Реал дава тројца играчи за Салах

Англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека ова лето Ливерпул и Реал Мадрид би можеле да направат сензаионална трампа во која ќе бидат вклучени повеќе фудбалери.

Иднината на Мохамед Салах и понатаму е неизвесна,а не е тајна дека Египќанецот е голема желба на Реал Мадрид.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул ќе се согласи да го пушти Салах доколлку добие тројца фудбалери од „кралскиот“ клуб. Клоп верува дека Египќанецот тешко ќе може да ја повтори оваа сезона, а со трите играчи од Реал ќе го засили тимот во сите линии.

Наводно „црвените“ ќе го побараат Кејлор Навас со што ќе го решат прашањето на голманската позиција. Потоа Матео Ковачиќ кој би бил идеална замена за Емре Чан и Герет Бејл, кој игра на истата позиција како Салах.

Реал нема проблем да се раздели од овие тројца фудбалери, чија вредност вкупно изнесува 150 милиони евра, колку што е проценет Салах во моментов.

Јасно е дека Герет Бејл нема иднина во Реал Мадрид и дека сака да се врати на Островот, а „црвените“ нема да имаат проблем да ги задоволат неговите финансиски барања.

Клоп верува дека со оваа размена неговиот тим ќе биде многу посилен следната сезона, бидејќи сигурно доаѓа и Кеита од Лајпциг.

Advertisements
To Top