Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во малку поемотивна изјава пред неговите поддржувачи во Западна Вирџинија, призна дека на Меланија не ѝ лесно да биде прва дама на САД и во брак со него.
„Таа е прекрасна прва дама. Ако вие мислите дека тоа е лесно – некој да биде прва дама и омажена за мене – тоа не е така“, изјави претседателот на САД говорејќи пред граѓаните на Западна Вирџинија.
Во својот говор, Трамп повеќе пати покажа самокритичност, што е реткост за него. На пример, тој на поддржувачите им раскажа дека во текот на посетата на Виетнам, слушнал од локалното раководство дека во Западна Вирџинија се произведува најдобар јаглен, и признал дека во тој момент слабо разбирал за што се работи.
„Човек како јас, од Петтата авенија, што јас можам за тоа да знам?“, рече Трамп. Тој ги убедуваше гласачите дека ќе се бори за интересите на рударската индустрија.
Медиумите го обвинуваат Трамп дека ја мамел сопругата и дека со неа не бил во добри односи. Белата куќа ги негира ваквите обвинувања.