Актуелно

Трамп: Време е за мир со Северна Кореја!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Северна Кореја веќе бара мир, објави Франс Прес.

„Мислам дека сакаат да склучат мир. Мислам дека е време“, изјави претседателот на политичка манифестација во Пенсилванија.

Трамп изрази доверба во посветеноста на севернокорејскиот режим да не тестира ракети до историските преговори кои тој ќе ги има со лидерот Ким Џонг-ун.

Американскиот претседател рече дека е убеден дека средбата „ќе биде огромен успех“ и дека ќе биде многу плодна.

„Имаме огромна поддршка“, изјави Трамп пред новинарите пред да замине за Пенсилванија.

На манифестација во поддршка на конгресменот републиканец од Пенсилванија, Рик Сакон, кој се бори за место во федералниот парламент, Трамп изјави дека одлучил какво ќе биде мотото на кампањата за неговиот реизбор во 2020 година – „Да ја зачуваме Америка голема!“

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top