Трамп тврди: „Каква теретана, бре, – знаете што можам јас“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека нема потреба да вежба во теретана, и покрај лекарските совети да биде физички поактивен, тврдејќи дека „вежба многу повеќе отколку што мислат другите“, одејќи по комплексот од Белата куќа и играјќи голф.

„Вежбам. Мислам, пешачам, правам ова-она, трчам од зграда до зграда…“, вели Трамп за Ројтерс, еден ден откако лекарот на Белата куќа, Рони Џексон, изјави дека генералната здравствена состојба на претседателот е одлична, но дека мора да намали некој килограм, да ја подобри исхраната и почесто да вежба.

„Можам да одам во теретана, да вежбам таму по два часа…Сум видел такви луѓе…а тогаш, кога тие ќе наполнат 55 години, им требаат нови колена, нови колкови, па после мора да водат сметка и за тоа. Јас такви проблеми немам“, вели Трамп во продолжение од интервјуто за Ројтерс.

Но, вели дека е подготвен да го промени начинот на исхрана, да воведе помали порции со хранаи помалку масни оброци.

За разлика од своите претходници, Барак Обама и Џорџ В. Буш, кои секојдневно вежбаа, Трамп нема таква навика. Тврди дека вежба играјќи голф, иако по голф терените се вози во голф возило. Објаснува дека пешачењето по терените подолго би го задржало таму, а не сака непотребно да арчи време.

„Повеќето овде би можеле да намалат некој килограм“, вели тој, одмерувајќи ги претходно новинарите од Ројтерс и проценувајќи дека „изгледаат прилично добро“.

Откри дека претходно повеќе пати бил на успешни диети, но дека физички е силен, а како пример за тоа го наведува фактот дека „кога ќе ја шутне топката, таа лета далеку“.