Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини неговиот претходник во Белата куќа, Барак Обама за, како што рече, оркестрирање на протестите против него ширум Америка.
Во интервју за телевизија Фокс њуз, Трамп, кој досега се има појаваено само во информативната програма на оваа компанија, која важи блиска до конзервативците и до десницата во САД, го обвини Обама дека негови луѓе стојат зад истекувањето доверливи информации од Белата куќа.
Мислам дека тој (Обама) стои зад сето ова што се случува и верувам дека станува збор за политика, истакна Трамп во снимено интервју за Фокс њуз , чии детали ги објавуваат некои американски медиуми.
Трамп признава дека не може да знае што се се случува зад политичката сцена, но инсистира дека претходниот претседател е зад уличните демонстрации, зад протестите по аеродромите, по декретот да се забрани влез во САД на државјани од седум муслимански земји, како и зад упадите во градските куќи во изборните единици на републиканските конгресмени и сенатори.
Првпат досега еден поранешен претседател, што ја напуштил Белата куќа само пред едем месец, да биде јавно обвинуван од својот наследник и редок случај во американската политичка историја, новозибраниот претседател да му суди на оној пред него.
Дел од републиканците и десничарските медиуми, уште пред ова интервју на Трамп, го обвинуваа Обама дека тој раководи со демонстрациите преку едно непрофитно движење, познато како Организација низ акција која е создадена во 2012 година, за да ја поддржува кампањата за вториот претседателски мандат на Барак Обама.
Не постојат никакви докази дека Обама самиот е директно вклучен во ова движење.