Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овие фотографии не се реални, туку се дело на фотографката Алисон Џексон, која користи двојник на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, пишува Мирор. Познатата 56-годишна артистка претстави во својата книга „Лично“ серија на фотографии прикажани како „Доналд Трамп“ слави ако победи.
Алисон е позната по провокативните фотографии, користејќи двојници на познати личности, вклучувајќи ја кралицата на Велика Британија врз тоалет и принцезата Дијана, покажувајќи среден прст на фотографи. Самата Алисон вели дека е запрепастеа од навредливите избори и дека тоа личи на лошо направено реално шоу, а Трамп е во главната улога наместо Ким Кардашијан.
„Како претседател тој ќе биде катастрофален. Како уметник, мојата работа е да покренам прашања за луѓето кои бараат власт. Се надевам дека успевам, бидејќи влегуваме во царството на диктатура и тоа е многу загрижувачко“, додаде таа.