Славни

Трамп си ја згреши ќерката на Твитер – ја помеша со друга Иванка

Британка од Брајтон на Твитер беше помешана со Иванка Трамп од самиот новоизбран претседател на САД Доналд Трамп.

Иванка Мајич, дигитален консултант, вели дека заедно со нејзиниот сопруг биле разбудени од телефонските јавувања на медиумите. Тие ѝ рекле дека е спомната во твит наменет за 20 милиони следбеници на Доналд Трамп. Тој ја споменал ќерка си во пофалба од друг корисник на Твитер, кој употребил погрешно корисничко име.

Мајич, која претходно работела за Лабуристичката партија, вели дека дознала што се случило кога една агенција за вести му пратила порака на нејзиниот сопруг.

„Појдов долу да го проверам мојот мобилен и имав толку многу нотификации“, вели таа за BBC. „Навистина  е многу необично да зборуваш со ITV и BBC 45 минути во само еден ден“, додаде таа.

Корисничкото име на Мајич на Твитер е само Иванка, додека на Иванка Трамп е целосно, сосе презиме – Иванка Трамп. Таа вели дека последнава година, честопати луѓето ја мешаат со ќерката на Трамп на Твитер, но никогаш во овие размери.

„За време на изборите, имав Твитер бот за сите тие кои случајно ме спомнуваа сакајќи да ги поттикнат луѓето да гласаат за Хилари. Иванка е старо и многу досадно словенско име. Друга Иванка со која ме помешуваат е една унгарска бетонска компанија која се вика „Иванка бетон“, вели таа.

„Сè уште не сум решила дали да го сменам корисничкото име. Не го користам Твитер многу често, токму затоа што имам толку споменувања. Твитовите од моите познаници се губат во тој хаос. Твитер го користам од 2007 година. Излегува нешто ново и ти отвараш корисничко име ‘Иванка’, незнаејќи дека еден ден таткото на Иванка Трамп ќе стане претседател.“

Advertisements
To Top