Актуелно

Трамп: Со Северна Кореја ќе преговараме само под ОВИЕ УСЛОВИ

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД може да преговараат со Северна Кореја, но само под правни услови.

Во изјавата која ја даде од Белата куќа тој рече дека ќе видат што ќе се случи, не прецизирајќи за какви услови се работи.

Коментарот на Трамп следува откако претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин рече дека Вашингтон треба да го симне прагот за преговори со Северна Кореја, додека Пјонгјанг треба да покаже подготвеност за денуклеаризацијата на полуостровот. Непосредно пред церемонијата за затворање на Олимпијадата во Пјонгчанг, Мун вчера се сретна со северно корејската делегација која ја предводеше гернералот Ким Јонг Чол. Ким на состанокот рекол дека Пјонгјанг има доволно интенција за одржување на дијалогот Северна Кореја-САД.

Обраќајќи им се на државните гувернери во Белата куќа Трамп рече дека Кина направиле повеќе за прашањето за Северна Кореја отколку претходно по барање на неговата администрација. Тој меѓутоа додаде дека доста стока влегува во Северна Кореја преку Русија и покрај санкциите кон Пјонгјанг.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top