Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
5,7 милијарди „тешкиот“ ѕид кој реши да го гради на границата со Мексико, претседателот на САД го брани со непотпишување на законот за финансирање на сојузната владата, поради што 800.000 вработени во владини институции 20 дена се без плата, со што практично е затворена и владата на САД.
„Тоа е прашање на здравиот разум. Нив им треба бариера, нив им треба ѕид. Без тоа ќе има само проблеми. И многу мртви“, изјави Трамп, додавајќи дека „нема ништо подобро од ѕидот“.
„Ако Конгресот не го одобри финансирањето на ѕидот, веројатно, би рекол речиси сигурно, ќе прогласам вонредна состојба. Имам апсолутно право на тоа“, кажа Трамп.
Трамп има право да почне ваков градежен проект во услови на војна или вонредна состојба, најчесто со преземање средства од министерството за одбрана.
Американскиот претседател бара 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот кој го вети за време на кампањата, додека неговите политички противници категорично одбиваат да ги деблокираат средствата за проектот кој го сметаат за неморален, скап и неефикасен.
Поради застој во расправата за буџетот, веќе повеќе од две недели, околу 800.000 вработени во сојузната влада не примиле плата. Подолга блокада на сојузната влада „значително би се одразила“ на водечката светска економија, предупреди шефот на американската централна банка Џером Пауел.