Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска во Варшава дека САД се посветени на одржувањето мир и безбедност во централна Европа и дека земјата соработува со Полска како одговор на активностите на Русија и нејзиното дестабилизирачко однесување.
Говорејќи на прес-конференцијата со полскиот претседател Анджеј Дуда, Трамп рече дека САД се подготвени да им ја гарантираат безбедноста на Средна и Источна Европа.
Трамп исто така ја реафирмираше посветеноста на Вашингтон на НАТО алијансата.
По повод иницијативата „Три мориња“, чиј почесен гостин беше денеска, Трамп изјави дека САД преку извозот на течен гас обезбедуваат и енергетска безбедност во регионот од Балтик, преку Јадран до Црното Море.