Трамп призна: Нема да можам да ги повлечам помилувањата на овие две од Обама


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе е општо познато дека сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, е изгорен да му оди контра во одлуките на својот претходник, Барак Обама, но, за оваа работа и самиот призна дека „нема да може да му се инаети“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера „помилува“ две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста, согласно традицијата на Белата куќа и се пошегува дека ќе се обиде да ја исправи одлуката на Обама за помилуваните мисирки од негова страна.

„Како што знаете, многу сум активен во менување на одлуките на мојот претходник. Сепак, ме известија од Белата куќа дека помилувањата за Татер и Тот не може да бидат повлечени“, рече Трамп посочувајќи на мисирките кои што поранешниот претседател Обама ги помилува минатата година.

Доналд Трамп вчера ги помилува мисирките Вишбон и Драмстик во неговото прво помилување како претседател.