Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на САД, Доналд Трамп, од американскиот Конгресот побара 18 милијарди долари во текот на следните десет години за почетните трошоци и градење на ѕидот на границата со Мексико.
Подигнувањето на ѕидот на границата со Мексико беше едно од клучните предизборните ветувања на Доналд Трамп, а неговото финансирање го изнесе на листата со барања упатено до Конгресот, известуваат американските медиуми во саботата. Трамп тврди дека на САД им е неопходен ѕидот за да се сопре криумчарењето дроги, илегалната имиграција и влегување на терористи преки нивната долга граница кон Мексико.
Предлогот за финансирање на ѕидот Трамп го поврзува со обидите за зачувување на програмата за помош за речиси 800.000 млади луѓе кои во САД илегално биле доведени како деца, позната како DACA (Deferred Action for Childhood Arrivals – Постапка за одложување на депортацијата за имигранти коишто во земјата влегле како деца). Оваа програма ги штити илегално доселените деца од депортирање и им овозможува образование или добивање работна дозвола во САД.
Опозициските демократи, коишто се противат на подигнувањето на ѕидот на границата, соопштија дека се подготвени да преговараат за неговото финансирање, доколку тоа доведе до зачувување на програмата DACA којашто би требало да биде укината доколку не биде постигна договор.
„Ќе има ѕидот или нема да ја имаме DACA. Сите ја сакаме DACA, но сакаме и силна безбедност за нашата земја“, изјави Трамп во саботата во базата Кемп Дејвид по состанокот со членовите на неговата администрација.
Трамп во предизборната кампања вети дека ѕидот ќе го плати Мексико, што го повтори и во саботата, но планот за трошоците упатен во Конгресот укажува дека барем во почетокот ќе го плаќаат американските даночни обврзници.
Со 18 милијарди долари би се финансирало градењето на 500 километри долгиот ѕид и зајакнување на постојните огради и другите објекти по должината на 650 километри долгата граница. Тоа значи дека повеќе од половината од границата меѓу САД и Мексико би била осигурена со ѕид или други структури.
Тамп, исто така, повтори дека сака да стави крај на таканаречената „верижна имиграција“ којашто им овозможува на лицата со долгорочни визи да ги доведат блиските роднини во САД, како и визната лотарија, случајниот избор на апликанти за виза.