Трамп ќе формира вселенска армија – Америка сака да доминира со вселената


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека планира да нареди формирање нов армиски род во рамки на армијата на САД, кој ќе го подготви теренот за доминација на Америка во вселената.

„Не е доволно само да постои американско присуство во вселената. Мора да имаме американска доминација во вселената. Ќе имаме воздухопловство и ќе имаме вселенска сила. Различни, но еднакви. Тоа ќе биде нешто. Нешто многу важно”, изјави Трамп.

Тој нагласи дека САД ќе бидат лидери во вселената додавајќи дека вселената е прашање на национална безбедност и дека не сака Русија, Кина и други земји да ги престигнат САД.