Трамп јавно распали против Кина на Генералното собрание на Обединетите нации


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во неговото видео обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации, претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно и отворено ја нападна Кина за начинот на кој се справила со епидемијата на коронавирус и за заштита на животната средина.

„Ние мора да ја сметаме одговорна земјата што ја пушти оваа чума во светот – Кина“, рече тој. „Во раните денови на ширење на вирусот, Кина го запре домашниот сообраќај, но дозволи летови да доаѓаат од Кина и да ја шират инфекцијата низ целиот свет“, рече американскиот претседател.

Тој ги обвини Пекинг и Светската здравствена организација за лажни информации за тоа како се пренесува „кинескиот вирус“.