Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американските претставници од администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема да присуствуваат на Светскиот економски форум во Давос кој ќе се одржи од 22 до 25 јануари, откако Трамп најави дека нема да присуствува на овој самит. Откажувањето на учеството е само дел од контекстот во кој се одложени многу патувања на разни делегации поради делумната блокада на американската влада.
Претседателот Доналд Трамп неодамна објави дека нема да патува во Давос, а во четвртокот објави дека го откажал патувањето и за остатокот од делегацијата на САД на настанот.
„Од почит кон 800.000 прекрасни американски работници кои не добиваат плата и за да ги увери дека неговиот тим може да помогне кога е потребно, претседателот Трамп ја откажа посетата на делегацијата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија”, рече секретарот за печат на Белата куќа, Сара Сандерс, доцна во четвртокот.
Најавата дојде само неколку часа откако Трамп го откажа патувањето на делегација на демократите на Блискиот Исток, која требаше да замине од четвртокот попладне.
Извор: Макфакс