Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Адвокатот на Доналд Трамп, еден месец пред изборите во 2016 година, исплатил 130.000 долари на порно актерката Stormy Daniels за таа да молчи за наводната афера која ја имала со тогаш идниот претседател на САД, пишува The Wall Street Journal.
Мајкл Коен, долгогодишен адвокат на организацијата Трамп, исплатата ја договорил со адвокатот на Стефани Клифорд, попозната под уметничкото име од порно индустријата Сторми Даниелс.
Клифорд тврди дека тие двајца се спријателиле во 2006 година, откако се запознале на еден голф турнир за славни фаци. Она што е уште полошо, е дека тоа било една година откако Трамп се оженил со своајта трета сопруга, Меланија Трамп.
„Тоа се стари и рециклирани написи, кои беа објавени и одлучно демантирани пред изборите“, изјави портпаролот на Белата куќа. На прашање за наводниот договор со Клифорд, која има глумено во околу 150 порно филмови, од кои еден е Good Will Humping, портпаролот не сакаше да одговори.
„Претседателот Трамп уште еднаш ги негира таквите случувања, како и госпожа Даниелс“, изјави Коен, кој исто така не сакаше да каже ништо повеќе.
Трамп повеќе пати досега, жените кои го обвинуваат за сексуална злоупотреба, ги нарекувал лажливки. Но, Коен до Wall Street Journal испрати и кратка изјава која ја потпиша Сторми Даниелс, во која таа негира дека имала „сексуална или романтична афера“ со Трамп.
„Гласините дека сум примила мито од Трамп за молк се целосно погрешни“, пишувало во изјавата.
Извор за Wall Street Journal, пак, тврди дека исплатата одела преку адвокатот од порно актерката, Кит Дејвидсон, а парите легнале на сметка од „клиент од доверба“ во банка во Лос Анџелес.
Уште една порно актерка, Џесика Дрејк, го обвини Трамп за вознемирување. Таа тврди дека неа, заедно со уште две други жени, Трамп ги бакнувал без нивна дозвола на истиот голф настан во 2006 година. Таа ниту добила, но ниту барала пари од Трамп за да молчи.