Трамп и Путин му се интересни на Јункер


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, во изјава која ја даде после неделниот ручек со Доналд Трамп и првиот човек на Русија, Владимир Путин, одржан во Елисејската палата, изјави дека му било интересно да ги слуша американскиот и рускиот претседател.

Тие присуствуваа на церемонијата на одбележувањето 100 години од завршувањето на Првата светска војна, а по тој повод францускиот претседател Емануел Макрон приреди свечен ручек во Елисејската палата.

Јункер, кој седел до рускиот претседател, а спроти него седел Трамп, изјавил: „Беше интересно да ги слушам нив двајца“, пренесува бриселски „Политико“.

Според Јункер, трговските разговори во јули со американскиот претседател Доналд Трамп „не биле забавни“. Шестчасовните разговори, според Јункер, биле прилично остри од време на време.

„Не беше забавно, но затоа немаме трговска војна меѓу САД и Европа“, навел Јункер.