Advertisements
Актуелно

Трамп го проследи протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО за ратификација до Сенатот

Првиот човек на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО, пренесе во официјално соопштение Белата куќа.

Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека „Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата“.

Протоколот за членство на Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.

Advertisements
To Top