Трамп ги нарече „глупави и неспособно“ – градоначалниците на Њујорк и Лондон му возвратија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доналд Трамп и пред да стане претседател на САД беше познат по говорот „без влакна на јазик“, но таа тенденција и навика си ја задржа и откако официјално стапи на најмоќната политичка функција на планетата – претседателската служба во Белата Куќа.

Последниот негов вербален инцидент и испад беше насочен кон градоначалниците на Њујорк и Лондон, Бил де Блазио и Садик Кан. Откако пред на почетокот на тридневната посета на Велика Британија, Доналд Трамп двајцата градоначалници ги нарече „глупави и неспособни“, нарекувајќи го Кан губитник и брат близнак на де Блазио, само понизок од него, двајцата градоначалници не му останаа должни на американскиот претседател.

Ваквите квалификации од канцеларијата на лондонскиот градоначалник ги нарекоа „детски навреди”.

Њујоршкиот градоначалник, кој е висок 196 см напиша на Твитер дека „Трамп е близнак на Путин“ , само што неговиот мандат ќе трае пократко.”

Кан му порача на Трамп: „Вашите вредности и она за што се залагате сосема е во спротивност со лондонските и со вредностите на нашата земја”.

Трамп на Твитер пред доаѓањето во тридневната посета на Британија напиша: „Кан многу ме потсетува на нашиот многу глупав и неспособен градоначалник на Њујорк , кој исто така лошо работи, само што е двојно понизок”.