Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара скоро шест милијарди долари дополнително финансирање за итно унапредување на ракетната одбрана за да можат САД да и се спротивстават на нуклеарната закана од Северна Кореја. Парите се бараат и за зголемување на бројот на американски војници во Авганистан и за поправање на бродовите на воената морнарица.
Претседателот на САД Доналд Трамп од американскиот Конгрес побара одобрување за дополнителни четири милијарди долари за унапредување на ракетната одбрана и 1,2 милијарди долари за зголемување на американското военото присуство во Авганистан и за спротивставување на севернокорејските закани.
Ова барање вчера беше предадено до Конгресот. Претседателот Трамп кој се наоѓа на турнеја во Азија побара дополнителни средства за да се изврши притисок врз Северна Кореја која ја нарече „закана за цивилизираниот свет“.