Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, испратен до Конгресот предвидува укинување на сервисот „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик.
Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е единствениот јазичен сервис, за кој се бара укинување или редукции и во двата сервиси.
Во објаснувањето во документот на предлог- буџетот пишува дека емитувањето на „Гласот на Америка“ ќе се намали во Авганистан, Индонезија, Руанда и Бурунди, а се предвидува „елиминирање на програмите за Македонија“. Се предложува и потенцијално спојување на програмите во Латинска Америка и Куба.
Во предлогот, сепак, пишува дека „Гласот на Америка“ има зголемен број на публика на социјалните мрежи и зголемено влијание. Па така „Гласот на Америка на македонски јазик“ на социјалните мрежи има зголемување на публиката за 462 проценти.
Буџетот на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) на македонски пак треба да се намали за 200.000 евра.
Во објаснувањето за овој сервис, се вели дека како медиумска мрежа на Балканот, РСЕ обезбеди сеопфатна покриеност на мигрантската криза, на политичките кризи во Србија, Косово, Македонија но и влијанието на Русија во регионот.