Home Спорт Тракаи бара Вардар да го врати Максимов – еве што одговорија „црвено – црните“!

Тракаи бара Вардар да го врати Максимов – еве што одговорија „црвено – црните“!

Сагата околу трансферот на рускиот фудбалер Максим Максимов во Вардар и понатаму продолжува, откако Тракаи се оглеси дека активирал постапка против Вардар во ФИФА по кои македонскиот шампион може да се соочи со сериозни казни.

„Не знаеме по кои правила Максимов е фудбалер на Вардар. Тој си замина оттука без да има официјален трансфер, бидејќи никогаш немаше преговори меѓу двата клуба. Во договорот на Максимов нема откупна клаузула, поради што Вардар не може на тој начин да дојде до нашиот фудбалер. Доколку во наредните неколку денови рускиот фудбалер не се врати во нашите редови, тогаш ќе реагираме до ФИФА, па Вардар може да добие забрана за регистрација на нови фудбалери во два трансфер периоди“, соопштија од литванскиот клуб.

Вардар не го регистрира Русинот за натпреварите за Лига Европа, а македонскиот шампион експресно одговори на протестите на Тракаи.

Нека пишуваат што сакаат. Ние ги следиме правилата на УЕФА и на ФИФА и работиме на трансферот и регистрацијата на Максимов. Имаме правен тим кој го работи случајот и не знам што друго би кажал. Нема што ние да им го враќаме Максимов, само тој ако сака може да се врати“, изјави извршниот директор на Вардар, Самоил Симев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…