Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На сослушувањето во врска со случајот „Шамари во центар“, Александар Трајковски откри што прави Никола Груевски во Будимпешта.
„Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува често“, вака ја опиша средбата со него Трајковски кој беше уловен на фотографија во Будимпешта. Целтта на патувањето во Унгарија на Трајквоски не била да се сретне со Груевски туку да најде лек за проблемите со дишењето.
Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови, изјави Трајковски.
На изненадување на присутните, тројца адвокати го искористија рочиштето за да му соопштат на судот дека нема повеќе да го бранат обвинетиот Никола Груевски.
Груевски кому му се суди во отсуство си доби адвокат по службена должност. Наредното рочиште треба да се појави Петар Димовски и да застане зад Груевски. Дружењето со Груевски сега Трајквоски ќе треба да го објасни и во јавнотот обвинителство кое ги распитува сите повразни лица со неговото бегство, а во меѓувреме да го образложи и затвори боледувањето во Царинската управа кадешто е вработен. Оттаму најавија дека лекарска комсија треба да одлучи дали Трајковски погрешил во постапката, а потоа ќе ја соопштат одлуката дали ќе има или не казна за нивниот вработен.