Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот собраниски спикер Трајко Вељаноски утрово повторно беше повикан на распит во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за собранискиот упад и крвавите настани во Собранието од 27 април.
Тој е осомничен дека е дел од организаторите на „крвавиот четврток“ . Пред два месеци со полиција беше спроведен во Основниот суд Скопје по барање на Јавното обвинителство за да му се изрече мерка притвор, но откако се повика на пратеничкиот имунитет беше ослободен. Потоа во Собранието беше прекината седницата на која требаше пратениците да одлучат за одземање на неговиот пратенички имунитет, пренесува Слободна Европа.
Вештачењето на телефонот на Вељаноски според ОЈО покажува комуникација со поранешниот премиер Никола Груевски и со сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ за организирање на дел од настаните.
Неговиот сопартиец Спиро Ристовски е веќе втор месец во притвор поради сомнение дека го сторил истото кривично дело односно организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Покрај нив за организирање на насилството од 27 април 2017 година осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил по бегството во Унгарија, поранешниот министер Миле Јанакиевски како и екс началникот во УБК Никола Бошковски за кого се чека екстрадиција по неговото бегство во Грција.