Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За оние кои не чуле никогаш за него и не го знаат (а такви ги има мнозинство), човекот на сликата погоре е Стеван Попов. По занимање беше пилот кој целиот свој работен век го помина во југословенскиот авиопревозник ЈАТ.
Она по што засекогаш Балканот ќе го памети и треба да го слави Стеван Попов се неколку подвизи кои тој ги направи за време на неговата пилотска кариера. Првиот и најголем, датира од времето на ужасите на граѓанската војна во бивша Југославија.
Почнувајќи со лет на 17 април, 1992 година, во наредните три месеци, летајќи без престан на линија Белград-Сараево-Белград, со Боинг 707 на компанијата ЈАТ, заедно со својот екипаж, извлече 40.000 луѓе од сите националности од Сараево кои беа зафатени од виорот на крвавата граѓанска војна. На еден од тие последни воени летови, од Белград во Сараево се врати само за да го најде и да го одведе до својата мајка едно детенце кое таа го загубила во општиот хаос на сараевскиот аеродром пред полетување.
Во јуни, истата година, од Стокхолм успеа безбедно да ја врати фудбалската селекција на Југославија од Европското првенство, иако на авионот не му беше дадена дозвола за полетување ниту му беше одобрено полнење на гориво.
Како „награда“ за сета своја посветеност во работата и наднационалната хуманост која ја покажа во неколку наврати во рамки на неговото работно место, во 2004 година Стеван Попов беше прогласен за технолошки вишок во ЈАТ. Тоа бркање од работа, како што самиот сведочеше, многу тешко му паднало и го доживеал прилично трагично и емотивно.
Потоа заболел и од рак на бубрезите, поради што му бил отстранет десниот бубрег, но како што подоцна самиот тврдеше, отказот од ЈАТ го доживеал потешко отколку болеста.
Во 2015 година, пред очите на неговата втора сопруга Снежана Јовановиќ Попов, во нивниот семеен стан во Рим, Стеван изврши самоубиство застрелувајќи се себеси во главата.
Стеван цели 23 години беше пилот на ЈАТ, а едно време ја носеше и титулата резервен офицер на ЈНА.