Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лекариот оперативен тим од една австриска болница му ја ампутирал погрешната нога на еден постар пациент кој бил подложен на ампутирачки оперативен зафат.
Пациентот страдал од низа болести поради кои требало да му биде ампутирана левата нога. Според болницата, направена е „трагична грешка“.
– Шокирани сме кога дознавме дека во вторникот, и покрај почитувањето на сите стандарди, на 82-годишниот маж му беше ампутирана погрешната нога – соопшти клиниката Фрејстад во близина на границата со Чешката Република, додавајќи дека грешката најпрво била забележана при промената на завои во четвртокот наутро.
Австриските медиуми јавуваат дека пациентот, поради тешки болести, првично не бил свесен дека ја изгубил погрешната нога. Се чини дека грешката е направена непосредно пред операцијата, кога било обележано која нога треба да се пресече.
– За жал, грешката што предизвика да се отстрани десната нога наместо левата, е резултат на низа несреќни околности – велат од клиниката.
Пациентот сега мора да остане и без другата нога и таа операција треба да се изврши наскоро.