Home Актуелно Трагедија во Пиреј: Маж се удави откако беше турнат во вода од екипажот на траектот на кој се обиде да се качи (снимка)

Трагедија во Пиреј: Маж се удави откако беше турнат во вода од екипажот на траектот на кој се обиде да се качи (снимка)

Маж кој се обидел да се качи на траект што испловувал од грчкото пристаниште Пиреј се удавил откако членовите на екипажот го турнале од задната рампа на траектот, изјави денеска грчкиот министер за поморство Милтиадис Варвициотис.

На видеото објавено на социјалните мрежи, може да се види како членовите на екипажот се расправаат со 36-годишен маж на задната рампа на траектот во момент кога тој се движел од Пиреј кон островот Крит, објави Ројтерс.

Варвициотис рече дека мажот, кој купил билет во вторникот, се симнал од траектот од непознати причини, а потоа се обидел повторно да се качи, по што членовите на екипажот го турнале и паднал во морето додека траектот тргнувал.

„Чувствувам шок и ужас поради тоа што се случи“, изјави Варвициотис за радиото Параполитика.

Тој рече дека видеата се шокантни и дека чувствува голема тага поради смртта на 36-годишниот маж.

Варвициотис на платформата Х (Твитер) изјави дека „нема сомнеж дека е извршено убиство“.

Тој додаде дека поради инцидентот се приведени четири лица и дека обвинителот го истражува случајот.

Сопственикот на траектот „Атика груп“ објави дека неговото раководство е „потресено од трагичниот инцидент“ и дека соработува со надлежните за да помогне во расветлувањето на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кралот Чарлс Трети е хоспитализиран и ги откажа сите средби

Кралот Чарлс III ги откажа низа планирани настани откако кратко време беше хоспитализиран …